Top Sport

(Видео) Јанис го доби дуелот со Дончиќ, рапсодија на Кари во Атланта

Пресметката меѓу Лука Дончиќ и Јани Адетокумбо и брилијантниот Стеф Кари ја обележаа ноќта в НБА лигата.

Милвоки Бакс победија во Далас со 129:117 и покрај тоа што првата четвртина ја загубија со 42:20.

Тимот од Висконсин го предводеше Јанис Адетокумбо со 48 поени, шест скока и 10 асистенции, а го следеше Демијан Лилард со 30 поени, три скока и осум асистенции.

Двоцифрени беа и Крис Мидлтон со 13 поени, три скока и осум асистенции, како и Боби Портис со дабл-дабл учинок, 12 поени и 10 скока.

Кај Маверикс Словенецот Лука Дончиќ постигна 40 поени со девет скока и 11 асистенции. Му недостигаше само еден скок за трипл-дабл.

Го следеа Макси Клебер со 21 и Џош Грин со 20 поени и девет скока. Двоцифрен беше и Тим Хардавеј Јуниор со 18 поени.

Голден стејт Вориорс загубија во продолжението од Атланта со 141:134. Мареј погоди двојка на четири секунди до крајот на регуларниот дел и на Атланта и обезбеди продолжение. Таму домашниот тим ги постигна првите 11 поени и го реши победникот.

Стеф Кари го обележа натпреварот со 60 поени, то е негов рекорд оваа сезона. Тој шутираше 22/38 од поле, постигна 10 тројки од 23 обиди, а забележа и шест скока и четири асистенции.

Кај Вориорс уште тројца постигнаа двоцифрен број на поени. Лестер Кинонес 17 поени и пет скока, Џонатан Куминга 16 и Брандин Пожиемски 15, со 11 скока и пет асистенции.

Во редовите на Атланта најефикасен беше Тре Јанг со 35 поени и шест асистенции, додека Ониека Оконгву забележа 22 поени и 16 скока.

Џејлен Џонсон постигна 21 поен, 13 скока и 8 асистенции, Дижонте Мареј имаше 19 поени, седум асистенции и пет скока, а Клинт Капела имаше 17 поени и 15 скока.

Scroll to Top