Денвер Нагетс во понеделникот вечерта го совладаа Портланд Трејл Блејзерс со 146:117. Нагетс ја забележаа седмата последователна победа и ова е нивната најдолга победника низа од почетокот на сезоната.
Никола Јокиќ одигра неверојатно добро и за 31 минута на теренот запиша 40 поени, 7 скока, 8 асистенции, 3 украдени топки, 1 блокада и 5 загубени топки.
Го следеше Кристијан Браун со 26 поени, 6 скока и 2 асистенции, додека Џулијан Стротер имаше 18, а Џамал Мареј 17 поени со 8 асистенции.
Во редовите на Портланд најефикасен беше Далано Бентон со 22 поени, скок и 6 асистенции, додека Донован Клинген имаше поен помалку, како и 7 скока, Анферни Симонс мечот го заврши со 17 поени, а Дени Авдија со 16 поени и 6 скока.
Далас по едно продолжение загуби од Сакраменто 128:129. Натпреварот го реши ветеранот Демар Дерозан на две секунди до крајот. Дерозан го одигра најдобриот меч во последно време, постигна 42 поени.
Кајри Ирвинг се истакна кај Далас со 30 поени, девет скока и седум асистенции.
Дел од навивачите во арената го скандираа името на Лука, па некои од нив беа „замолени“ да си заминат.
Стеф Кари ги предводеше Вориорс до победата во Милвоки 112:125. Најдобриот шутер во историјата на лигата постигна 38 поени. Џими Батлер придонесе со 20 поени, девет скока и шест асистенции во триумфот на гостите, Џими ги доби своите први два натпревари како играч на Вориорс.
Милвоки и на овој натпревар беа без Јанис Адетокумбо. Најефикасен кај Бакс беше Демијан Лилард со 38 поени, Кајл Кузма уфрли 21.
Оклахома рутински славеше над Њу Орлеанс Пеликанс (137:101). Тандер погодија 27 тројки, што е рекорд на франшизата, а 11 играчи Тандер погодија тројки против Пеликанс.
Шеј Гилџес-Александер уфрли 31 поен, Вигинс 24, ова е шеста победа во низа.
Тандер водат во поредокот со 43-9, додека Њу Орлеанс е најлошиот тим на Западот со само 12 победи.
Резултати:
Кливленд – Минесота 128:107
Орландо – Атланта 106:112
Вашингтон – Сан Антонио 121:131
Мајами – Бостон 85:103
Бруклин – Шарлот 97:89
Милвоки – Голден Стејт 111:125
Оклахома – Њу Орлеанс 137:101
Далас – Сакраменто 128:129
Денвер – Портланд 146:117
ЛА Лејкерс – Јута 132:113