Top Sport

(Видео) Јокиќ доби рап химна со неверојатен спот

Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот е вистинска ѕвезда, тоа потврдува и нов хит на социјалните мрежи.

Станува збор за рап песна посветена на српскиот центар со фантастичен спот, со мотиви на српската традиција, но и клучни детали од кариерата на Јокиќ, најверојатно направени со помош на вештачка интелигенција.

Песната е направена од американскиот музичар и Ди-џеј Макулејт.

„Никола Јокиќ никогаш не би направил своја рап песна, па во последните пет недели го направив тоа за него. Ви го претставувам: Сомбор Шафлин (Shufflin). Со неверојатна анимациска работа на Алек Гвин. Најдобриот играч на сите времиња овој месец доби патики и книга, а сега има и химна“, изјави авторот.

„Јо, ова е Големиот Џокер, директно од Сомборската рамнина, трикратен МВП, но тие се обидуваат да го скротат моето владеење. Требаше да имам четири, но тие му ја дадоа круната на Џо. Молчам, излегувам на теренот и го затворам. Јас сум несебичниот крал, ме нарекуваат машина за асистенции. Нижам трипл-даблови, носам среќа за двајца“, се вели во дел од песната.

Рап музиката нераскинливо поврзана со НБА и кошарката, особено во последните триесет години.

Нема атрактивно видео од најдобрите НБА потези без рап поддршк, ниту натпревар без рап битови во арените, а многу кошаркари се испробале како рапери.

Најпознат меѓу нив секако е Шекил О’Нил, а покрај него Ален Ајверсон, Демиен Лилард, Лонзо Бол, Андре Драмонд…

Јокиќ моментално ја игра најдобрата кошарка во кариерата со просек од 32,3 поени со 13,6 скока и 10,2 асистенции по натпревар.

Scroll to Top