Top Sport

(Видео) Јокиќ и Мареј го решија Шарлот, Леброн и Ривс го победија Портланд

Кошаркарите на Денвер на домашен терен го совладаа Шарлот со 129:115 и со тоа го забележаа деветтиот последователен триумф во НБА.

Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мареј со 34 поени (седум тројки), додека српскиот репрезентативец Никола Јокиќ забележа 29 поени, 17 скока и девет асистенции.

Српскиот центар шутираше погоди шест тројки од 14 обиди.

Во тимот на Шарлот, за кој поради повреда не настапи Ламело Бол, најефикасен беше Мајлс Бриџис со 36 поени, 13 скока и седум асистенции.

Џош Грин додаде 19 поени, Ник Смит Јуниор 16 поени, додека босанскиот центар Јусуф Нуркиќ за 19 минути игра запиша девет поени, 10 скока и седум асистенции.

Денвер е втор во западната конференција со 37 победи и 19 порази, додека Шарлот го зазема претпоследното, 14. место на Истокот со скор 14-40.

Леброн Џејмс го победи Портланд без Лука Дончиќ. ,Леброн во Орегон постигна 40 поени, помиш доби од Остин Ривс (32 поени). Портланд го предводеше Дени Авдија со 28 поени. Во следниот натпревар Лејекрси гостиваат во Денвер, во тимот е најавен Дончиќ.

Резултати:

Индијана – Мемфис 127:113
Филаделфија – Бостон 104:124
Атланта – Орландо 108:114
Бруклин – Кливленд 97:100
Њујорк – Чикаго 113:111 пр.
Милвоки – ЛА Клиперс 116:110
Денвер – Шарлот 129:115
Сан Антонио – Феникс 120:109
Портланд – ЛА Лејкерс 102:110

Scroll to Top