Top Sport

(Видео) Јокиќ како Робертсон и Чембрлен

Денвер Нагетс го доживеаја вториот пораз во сезоната. Актуелните шампиони загубија од Хјустон со 104:107.

Натпреварот мина во доминација на Никола Јокиќ. МВП на финалната серија го забележа 109. трипл-дабл во кариерата.

Против Хјустон, Јокиќ забележа 36 поени, 21 скок и 11 асистенции.

Со оваа партија застана до легендите на НБА, Вилт Чембрлен и Оскар Робертсон.

По десетти пат во кариерата, ѕвездата на Нагетс успеа да постигне трипл-дабл на еден натпревар во кој имаше 30 или повеќе поени, 15 или повеќе скока и десет или повеќе асистенции.

Scroll to Top