Кошаркарите на Денвер го добија дербито на НБА лигата против Голден Стејт со 108:105. Уште една брилијантна партија одигра Никола Јокиќ.
Српскиот центар за 37 минути постигна 35 поени, забележа 13 скока, додаде 5 асистенции, промаши седум тројки (1/8) и четири слободни фрлања (6/10).
Јокиќ, сепак, најмногу придонесе актуелниот шампион да го надмине отсуството на Мареј и да ја оствари осмата победа сезонава (8-1) и шеста на домашен терен. Никола потроши многу енергија во борбата за Кевон Луни, неговиот фокус падна кон крајот, остана без енергија и ги промаши двата пенали при водство на Нагетс со 107:105 на 15 секунди до крајот.
Вориорс имаа шанса да го реши мечот, за среќа на Денвер, Стеф Кари промаши на другиот крај, а Реџи Џексон на 3,5 секунди до крајот го постави конечниот резултат со казнен поен (1/2).
Овој триумф во целост го изведоа стартерите на тимот на Мајк Мелоун – сите беа „двоцифрени“. Клупата беше проблематична, целосно потфрли, за што сведочат само 12 поени наспроти 42 постигнати од резервите на Вориорс.
Кај гостите очекувано Стеф Кари го предводеше нападот со 23 поени. Тој постигна шест тројки од 13 шута и ја продолжи серијата од почетокот на сезоната, ова беше негов деветти натпревар од почетокот на оваа натпреварувачка кампања на кој постигнува најмалку четири тројки.
Резултати:
Шарлот – Вашингтон 116:132
Индијана – Јута 134:118
Филаделфија – Бостон 106:103
Бруклин – ЛА Клиперс 100:93
Њујорк – Сан Антонио 126:105
Чикаго – Феникс 107:107, по продолжение 115:116
Хјустон – ЛА Лејкерс 128:94
Мемфис – Мајами 102:108
Милвоки – Детроит 120:118
Минесота – Њу Орлеанс 122.101
Оклахома – Кливленд 128:120
Далас – Торонто 116:127
Денвер – Голден Стејт 108:105
Сакраменто – Портланд 111:111, по продолжение 121:118