Top Sport

(Видео) Јокиќ не знае дали ќе игра за Србија на ОИ

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс изјави дека не знае дали ќе игра на Олимписките игри во Париз.

Денвер Нагетс беа елиминирани од Минесота во полуфиналето на Западната конференција, откако испуштија предност од 20 поени во седмиот натпревар.

Јокиќ имаше учинок од 34 поени, 19 скока и седум асистенции, а по мечот беше запрашан дали ќе игра за репрезентацијата на Олимписките игри.

„Не знам, ќе видиме, треба да размислам“, изјави Јокиќ.

Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри ќе се игра од 27 јули до 10 август.

Србија во групната фаза ќе игра против САД, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико.

Scroll to Top