Top Sport

(Видео) Јокиќ подели 19 асистенции, Денвер победи во Индијанаполис

Кошаркарите на Денвер ја совладаа Индијана со 125:116 во Индијанаполис. Никола Јокиќ на овој натпревар имаше повеќе асистенции отколку поени (18), а му недостигаше скок за трипл-дабл учинок.

Никола Јокиќ против Индијана забележа 19 асистенции што е негов личен рекорд во НБА лигата. Вавата игра на актуелниот МВП придонесе шест играчи од тимот на Мајкл Мелоун да постигнат двоцифрен број на поени.

Најдобар стрелец беше Арон Гордон (25), го следеа од Мајкл Портер Јуниор (19), Кристијан Браун (17), Џамал Мареј (16) и Зик Наџи (14).

Кога станува збор за центрите, само Јокиќ и Вилт Чембрлен ги заземаат првите 25 места во историјата на НБА во однос на асистенциите по натпревар.

Нападот на Индијана го предводеа четворица играчи: Мајлс Тарнер постигна 23 поени, Арон Несмит 17, Паскал Сиакам 19 поени, колку што постигна и Тајрис Халибартон кој имаше и 15 асистенции.

Scroll to Top