Top Sport

(Видео) Јокиќ шоу во „Бол Арена“, Денвер ја победи Минесота

Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс со 142-138 во последниот натпревар од божикќната програма во НБА лигата.

Секоја година, НБА носи неколку спектакуларни натпревари за Божиќ, а мечот што го одиграа Денвер, предводени од Никола Јокиќ и Минесота ќе влезе во аналите на НБА лигата.

Тимот од Колорадо, по едно продолжение, победи со 142:138, а Никола Јокиќ постигна 56 поени со 16 скока и 15 асистенции. Ова е негов 179-ти трипл-дабл во кариерата. Денвер играа без тројца играчи од првата петорка, повредени се Арон Гордно, Кристијан Браун и Кем Џонсон.

„Монструозната“ игра на српскиот центар им ја донесе победата на Нагетс по продолжението. Верувале или не, ова е прв пат во историјата на НБА некој да постигне 55 поени и да има најмалку 15 скока и 15 асистенции. Ова е трет најголем број поени постигнати од кошаркар на Божиќ.

56-те поени на Јокиќ против Минесота, се зад Вилт Чемберлен кој постигна 59 поени во 1961 година и секако живата легенда Бернард Кинг кој постигна рекордни 68 поени на Божиќ 1984 година во дресот на Њујорк Никс.

Јокиќ, голема помош доби од Џамал Мареј со 35 поени и 10 асистенции, додека Тим Хардавеј Џуниор имаше 19, а Спенсер Џонс имаше 12 со 8 скока.

Што се однесува до Минесота, тие беа предводени од Ентони Едвардс со 44 поени, а тој го заврши натпреварот рано поради шест лични грешки. Џулиус Рендл имаше 32 поени, 7 скока и 6 асистенции, додека Џејден МекДениелс запиша 21 поен и 4 скока и асистенции.

Инаку, во текот на натпреваро, во последната четвртина, Минесота надополни негатива од 14 поени, а со тројката на Едвардс, со звукот на сирената избори продолженија.

Минеоста продолжениеот го отвори со девет поени, но тогаш на сцена повторно стави Јокиќ, кој му го донесе на својот тим 22-от триумф во сезоната.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');