Никола Јокиќ и неговата брилијанта партија во победата над Клиперси во Лос Анџелес 130:116 е историска во НБА лигата.
Двократниот МВП во регуларниот дел од сезоната, речиси сам ги победи Клиперси. Постигна 33 поени во едно полувреме, на крајот мечот го заврши со 55 поени, со 78 отсто реализација од поле (погоди пет трјки од шест обиди), забележа 12 скока и шест асистенции. Вкупно на тернот мина 34 минути.
Јокиќ е четвртиот играч во историјата на НБА кој постигнал 55 поени со најмалку 78 реализација. Српскиот центар на овој меч постигна повеќе поени од целата стартна петорка на ЛА Клиперс.
Само Вилт Чемберлен, Адриан Дантли и Карл Малоун го направиле тоа пред него, а сега „Џокерот“ им се придружи во тој ексклузивен клуб.
Интересно, Нагетс победија во натпревар во кој Јокиќ постигна повеќе од 50 поени за прв пат, по четири порази.
