Top Sport

(ВИДЕО) Јокиќ со монструозна партија му донесе водство на Денвер против ЛА Лејкерс

Никола Јокиќ е незапирлив, како да сака да докаже дека тоа што Ембид беше избран за МВП играч во НБА е огромна грешка. Toj постигна 34 поени, имаше 21 скок и 14 асистенции во навистина неверојатна партија, водејќи го Денвер Нагетс до водство во серијата против ЛА Лејкерс. Неговиот тим славеше со 132:126.

Џамал Мареј додаде 31 поен, а на другата страна по бавниот старт Ентони Дејвис го заокружи ефектот со 40 поени и 10 скока. Леброн Џејмс имаше 26 поени и 12 скока, а му недостигаше асистенција за да комплетира трипл-дабл.

Во последната четвртина гостите избришаа „минус 13“ и стигнаа до негатива од еден посед по тројката на Остин Ривс. Но, не успеаја да направат пресврт, затоа што ги „смири“ Никола Јокиќ.

До полувремето Србинот имаше 19 поени, 16 скока и 7 асистенции. Сам имаше повеќе скокови на полувремето од целиот противнички тим.

Следниот натпревар меѓу Денвер Нагетс и ЛА Лејкерс е ноќта меѓу четврток и петок, повторно во Колорадо.

Scroll to Top