Никола Јокиќ и Лука Дончиќ уште еднаш доминираа, во победите на своите тимови во НБА лигата. Јокиќ со 33 поени оствари уште еден трипл-дабл, а Дончиќ постигна 41 поен.
Денвер Нагетс имаа проблем со еден од најлошите тимови во лигата, Јута Џез. На крајот Јокиќ не дозволи изненадување, а Нагетс славеа по пресврт во последната четвртина со 135:129.
Пресвртот го започна токму Јокиќ, со тројка од пола терен, на истекот на третата четвртина.
Никола Јокиќ го запиша својот 31-ви трипл-дабл во сезоната, со 33 поени, 15 скока, 12 асистенции, една украдена топка и седум изгубени топки.
Го следеа Џамал Мареј со 31 поен, 14 асистенции и шест скока, Тим Хардавеј додаде 21, а Арон Гордон имаше 17 поени и седум скока.
На другата страна, Кајл Филиповски беше најдобар со 25 поени, осум скока и пет асистенции, односно Коди Вилијамс со 24 поени и седум асистенции.
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Бруклин Нетс со 116:99. Лука Дончиќ, постигна 41 поен (15/25 шут од поле) со осум скока и три асистенции и го водеше својот тим до победа.
Победникот беше решен во последната четвртина, која Лејкерси ја добија со 31:15.
Покрај Дончиќ, се истакна Остин Ривс со 26 поени, осум скока и пет асистенции.
Кај Бруклин снајдобри беа Џош Минот со 18 поени и шест скока, а го следеше Ник Клакстон со 16 поени, седум скока и три асистенции, а Заир Вилијамс исто така имаше 16 поени.
