Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 119:107 на отворањето на 78. сезона во НБА лигата.
Никола Јокиќ продолжи таму каде што застана минатата година и со маестрална игра најави уште една сезона во која ќе биде главен кандидат за најкорисен играч во лигата.
Српскиот кошаркар го заврши натпреварот со 29 поени, 13 скока и 11 асистенции, со 12/22 од поле. За него ова е 106. трипл-дабл во кариерата и се наоѓа на шестото место со трипл-дабл помалку од Џејсон Кид и Леброн Џејмс.
Одличен беше и Џамал Мареј со 21 поен и шест асистенции, Колдвел-Поуп со 20, Арон Гордон постигна 15, а Портер имаше 12 поени и 12 скока.
Во поразениот тим се истакна Леброн Џејмс со 21 поен, осум скока и пет асистенции, додека Ентони Дејвис не постигна поен во вториот дел, откако во првото постигна 17 поени и беше еден од најдобрите играчи на теренот.