Она што не успеа на Никола Јокиќ, го направи Никола Јовиќ. Само еден ден по поразот на Денвер Нагетс од Милвоки, Мајами Хит пристигна во Висконсин и го декласираа Милвоки со 123:97.
Мајами до победата го предводеше 20-годишниот Јовиќ со 24 поени, што е негов рекорд во НБА кариерата. Покрај тоа, имаше седум скока и три асистенции. Посебно се истакна во шутот за три, погоди пет од осум обиди. Јовиќ беше 27.пик на Мајами на драфтот во 2022 година.
Мајами цело време ги контролираше случувањата на паркетот. Веќе по првиот дел имаа 12 поени предност (40:28) и продолжија да ја зголемуваат разликата.
Покрај Јовиќ, одличен натпреваро одигра Бем Адебајо, кој оствари трипл дабл со 16 поени, 12 скока и 11 асистенции. Данкан Робинсон постигна 23 поени, а Тајлер Хиро и Кевин Лав по 19 поени. Победата добива уште поголемо значење бидејќи е постигната без помошта на првата ѕвезда на тимот Џими Батлер.
На другата страна, Јанис Адетокунбо имаше 23 поени, 11 скока и осум асистенции. Малик Бисли и Демијан Лилард заедно постигнаа скромни 16 поени.
Во останатите натпревари, Феникс го совлада Сакраменто со 130:125, предводен од Кевин Дурант, кој постигна 28 поени. На другата страна, на кралевите не им помогна тоа што Диерон Фокс постигна 40 поени, а Сабонис оствари уште еден трипл-дабл, 18. оваа сезона (35 поени, 18 скока и 12 асистенции). Литванецот е осмиот играч во историјата со најмалку 18 трипл-даблови во една сезона.
Лејкерси лесно го добија Детроит 125:110, Бостон го совлада Бруклин со 118:110 во Њујорк, Оклахома го победи Орландо на гости со 127:113, додека Минесота славеше во Портланд 127:109.