Летонија продолжува да е најголемата сензација на СП во кошарка, откако прво во првата фаза ја елиминира Франција, а сега остана во игра за четврт-финале, победувајќи го светскиот шампион Шпанија со 74:69. Со ова, двете репрезентации имаат по 3-1 скор, а лидери се Канада, кои со победа над Бразил го освојуваат првото место на табелата.
Пред последната четвртина, Летонците имаа 11 поени негатива, но Криштерс Зорикс и Давис Бертанс ги инспирираа Летонците за неверојатен камбек со три тројки во последните 10 минути од мечот. Бертанс го комплетираше мечот со 16 поени и 3 скока, додека за Шпанците Вили Ернангомез заврши со 14 поени.