Голден Стејт Вориорс со брејк во Хјустон ја отворија четвртфиналната серија во плеј-офот во НБА лигата.
Вориорс победија со 95:85 во Тојота Центарот.
Стеф Кари беше повеќе од расположен на овој меч, погоди пет тројки од девет обиди, натпреварот го заврши со 31 поен.
Џими Батлер го следеше Кари со 25 поени, седум скока и шест асистенции, додека Брендон Подзиемски постигна 14 поени.
Кај Хјустон, Алперен Шенгун беше на прагот на дабл-дабл со 26 поени и девет скока, Дилан Брукс постигна 11 поени, додека Фред Ван Влит постигна само 10 поени за 40 минути на теренот.
Очајниот процент во шутот за три поени беше еден од клучните фактори на овој меч, Рокетси реализираа само шест тројки, додека Голден Стејт беа многу подобари во тој поглед.
Хјустон беше одличен во првиот период, каде имаше три поени предност, но клучна беше втората четвртина, во која Голден Стејт прими само 13 поени, а постигна дури 29.
Вориорси на полувреме заминаа со големо водство, додека во вториот дел го контролираа резултатот и не му дозволија на Хјустон да се доближи и со тоа да го загрози триумфот на гостите.