Само еден натпревар се одигра изминатата ноќ во НБА лигата. Во Торонто, Њујорк Никс го победија домаќинот со 113:108. Ова е петти последовен триумф на Никс во дуелите со Репторс. Натпреварот го реши центарот на Њујорк, Карл-Ентони Таунс.
Карл Ентони-Таунс о пет поени во низа, во последните 30 секунди, им ја донесе победата на Никс, откако во последната минута влезе со 108:108.
На крајот мечот го заврши со 24 поени и 15 скока, со добри проценти од поле (7/13), а успеа да подели и шест асистенции, додека Мајкл Бриџис (23п) и Џејлен Бренсон (20 п. и 11 ас.) одиграа важна улога во победа на Никс (20п, 11ас.).
Торонто го предводеше Ар-Џеј Берет со 30 поени, но тој поради повреда го напушти теренот во третата четвртина. Скоти Барнс постигна 15.
Торонто го забележа 18. пораз во тековната сезона и се наоѓа на претпоследното место на Истокот со само седум победи, додека Никс ја забележаа 15. победа. Имаат доволно „залиха“ да останат уште некое време на четвртото место во истата Конференција.
Следниот натпревар Њујорк го игра на 11 декември против Атланта во „Медисон Сквер Гарден“ и тоа ќе биде четвртфинален натпревар од НБА купот, додека Репторс ќе се обидат да го подобрат впечатокот во регуларниот натпревар против Мајами на гостински терен.