Кошаркарите на Реал Мадрид пред денешниот тренинг во Белград, одадоа почит на жртвите од трагедијата со пукањето во основното училиште во српската престолнина, во кое загинаа осум деца и човек од обезбедувањето од страна на 14-годишен напаѓач.
Иако во Србија од петок до недела ќе бидат прогласени денови на жалост, четвртиот меч од четврт-финалето на Евролигата помеѓу Партизан и Реал, кој е на програмата утре, не е одложен. Партизан има 2:1 водство и им е потребна победа за пласман на Фајнал фор турнирот.
Претходно и поранешниот член на Партизан, а сега кошаркар на Реал, Најџел Вилијамс-Гос изрази сочувство до семејствата на жртвите.