Top Sport

(Видео) Кошаркарите на Реал Мадрид со минута молк за жртвите на трагедијата во Белград

Кошаркарите на Реал Мадрид пред денешниот тренинг во Белград, одадоа почит на жртвите од трагедијата со пукањето во основното училиште во српската престолнина, во кое загинаа осум деца и човек од обезбедувањето од страна на 14-годишен напаѓач.

Иако во Србија од петок до недела ќе бидат прогласени денови на жалост, четвртиот меч од четврт-финалето на Евролигата помеѓу Партизан и Реал, кој е на програмата утре, не е одложен. Партизан има 2:1 водство и им е потребна победа за пласман на Фајнал фор турнирот.

Претходно и поранешниот член на Партизан, а сега кошаркар на Реал, Најџел Вилијамс-Гос изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Scroll to Top