Top Sport

(Видео) Крај за актуелните шампиони, Њујорк ќе игра финале на Истокот

Њујорк Никс се пласираа во финалето на Источната конференција за прв пат од 2000 година, откако ги декласираа Бостон Селтикс со 119:81 во шестиот натпревар од полуфиналната серија.

Во преполниот „Медисон Сквер Гарден“, со рекордно скапи билети, домашниот тим ги оправда очекувањата и го победи актуелниот шампион, кој беше без својата прва ѕвезда, Џејсон Тејтум, кој го пропушти натпреварот поради повреда на Ахиловата тетива.

Кај Никс, дури шест играчи имаа двоцифрен број поени, а четворица надминаа 20 поени.

О’Џеј Ануноби и Џејлен Брансон постигнаа по 23 поени, Мајкл Бриџис 22, а Карл-Ентони Таунс 21 поен и 12 скока.

Џош Харт имаше трипл-дабл од 10 поени, 11 скока и 11 асистенции, а Мајлс Мекбрајд исто така имаше двоцифрен број на поени 10.

Во Бостон, Џејлен Браун собра 20 поени, Причард имаше 11, Хорфорд 10, додека Дерик Вајт со осум и Џру Холидеј со четири поени беа далеку од потрбното ниво за еден ваков натпревар.

Никси ќе играат против Индијана Пејсерс во финалето на Источната конференција, а првиот натпревар ќе се игра во среда во „Медисон Сквер Гарден“.

Scroll to Top