Top Sport

(Видео) Леброн им пресуди на Феникс Санс и урна негативен рекорд

Лос Анџелес Лејкерс, во Аризона, славеа победа во дуелот со Феникс Санс 122:119. „Езерџиие“ ги предводеше Леброн Џејмс, кој на овој натпревар постави и еден негативен рекорд.

Леброн натпреварот го заврши со 32 поени, 11 скока, шест асистенции и по една блокда и украден топка.

Но и покрај одличниот настап и победата, Леброн е главна тема на социјалните мрежи. Причина се загубените топки. Синоќа имаше четири, со што ја мина границата од 5.000 загубени топки во кариерата и стана првиот човек во историјата на НБА кој стигнал до овој неславен рекорд.

Леброн против Феникс о одигра 1.430 натпревар во кариерата, само во регуларниот дел од сезоната: Тој се наоѓа на осмото место на вечната листа, но само Карим Абдул-Џабар и Карл Мелоун имаат одиграно повеќе минути од него.

За споредба, седум играчи надминаа 4.000 загубени топки. Станува збор за кошаркари кои веќе се членови или во иднина ќе влезат во „Куќата на славните“.

Меѓу нив се Џон Стоктон и Џејсон Кид, кои заедно со Меџик Џонсон важат за најдобрите плејмејкери во историјата, како и Коби Брајант. Единствениот активен играч меѓу нив е Расел Вестбрук со 4469 на третото место, зад Карл Мелоун (4524) и пред Мозес Мелоун (4264).

Тоа не ги спречи хејтерите да уживаат и со потсмев да го нарекуваат Џејмс крал на изгубените топки и да ги преплават социјалните мрежи со соодветни мемиња.

Scroll to Top