Top Sport

(Видео) Лејкерси без решение за Тајрис Макси, Авдија и Симонс пресилни за Милвоки

Филаделфија, Хјустон, Голден стејт и Портланд забележаа победи во натпреварите одиграни изминатата ноќ во НБА лигата.

Ѕвездата на вечерта без сомнение е Тајрис Макси. Бекот на Филаделфија против Лејкерси постигна 43 поени, па Филаделфија. Без Џоел Ембид и Пол Џорџ, Филалделфија ги победи Лејкерси со 118:104.

Макси има просек од над 30 поени на последните десет натпревари. Леброн Џејмс постигна 31 поен за Лејкерси, Дејвис се повреди во првото полувреме. Брони Џејмс доби минутажа во првото полувреме, не постигна ниту еден поен додека неговиот татко Леброн се искачи на шестото место на листата на најголеми „крадци на топки“ на сите времиња. Леброн имаше девет асистенции и осум скока, но загуби осум топки.

Одлична партија на Дени Авдија, постигна 30 поени во победата на Портланд над Милвоки 125.112. Демијан Лилард против својот поранешен тим постигна 20 поени и шест асистенции.

Одличен кај домашниот тим беше и Анферни Симонс со 25. Јанис Адетокумбо постигна 39 поени, заедно со 12 скока и пет асистенции. Интересно откако Лилард замина во Висконсин, Портланд има три победи по ред против Бакс.

Scroll to Top