Top Sport

(Видео) Лејкерси добија шампионска „метла“, Кливленд ја изедначи серијата против Детроит

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ја завршија работата против ЛА Лејкерс и се пласираа во финалето на Западот, во НБА лигата. На Истокот, Кливленд Кавалирс ја изедначија серијата против Детроит Пистонс на 2:2.

Оклахома Сити Тандер се пласираше во финалето на Западната конференција на НБА лигата, откако во четвртиот натпревар ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 115:110.

Ова беше осма победа по ред на Тандер оваа сезона против Лејкерс, тие славеа со 4:0 во серијата и обезбедија полуфинале од плејофот, односно финалето на Западот.

Во овој натпревар, Лејкерс беа и без Лука Дончиќ, кој поради повреда не настапи ниту еднаш во плејофот оваа сезона.

Тимот на Тандер до победата го предводеше Шеј Гилџес-Александер со 35 поени и осум асистенции, по него следуваа Еј Џеј Мичел со 28, Чет Холмгрен постигна 16 поени со девет скока, додека Џаред Мекејн имаше 13 поени.

За Лејкерси, Остин Ривс беше предводник со 27 поени, седум скока и шест асистенции, Руи Хачимура имаше 25 поени и пет скока, додека Леброн Џејмс забележа 24 поени и 12 скока.

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс ги победија Детроит Пистонс со 112:103 во четвртфиналето од НБА плејофот.

Брилијантниот Донован Мичел ги предводеше Кавс до израмнување на серијата (2-2) со 43 поени, пет скока и две асистенции.

Мичел постигна дури 39 поени во второто полувреме.

Покрај Мичел, во редовите на Кливленд се истакна и Џејмс Харден со дабл-дабл учинок од 24 поени и 11 асистенции, Еван Мобли имаше 17 поени со осум скока и пет асистенции.

За Детроит, Карис Леверт имаше 24 поени, по што следуваше Кејд Канингем со 19 поени и шест асистенции, додека Тобијас Харис постигна 16 поени со осум скока и пет асистенции.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');