Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс и Индијана Пејсерс ќе играат за трофејот во НБА Купот во првата сезона од ова натпреварување откако ги совладаа Њу Орлеанс, односно Милвоки.
Лејкерси ги совладаа Пеликанс со 133:89 во Лас Вегас, додека Пејерс славеа над Бакс во многу поинтересен меч 128:119.
Натпреварот помеѓу Лејкерс и Њу Орлеанс целосно го одбележа еден од најдобрите играчи на сите времиња, Леброн Џејмс.
„Кралот“ имаше импресивен учинок за само 22 и пол минути (30 поени, 8 асистенции, пет скока).
Неверојатниот Џејмс, кој на 30 декември ќе наполни 39 години, стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 30+ поени со 5+ скокови и 5+ асистенции за помалку од 23 минути.
Исто така, никој пред него во историјата на франшизата во Лос Анџелес не постигнал 30 поени на еден натпревар толку брзо.
Ова беше една од најубедливите победи на Лејкерси оваа сезона, во која покрај Џејмс најмногу придонесоа Ривс со 17 поени, Дејвис со 16, Принс со 15 и Хачимура со 12 поени.
На другата страна подобри од останатите беа Марфи со 14 поени и Зион Вилијамсон со 13.
Во второто полуфинале кошаркарски спектакл приредија Индијана и Милвоки.
На крилата на незапирливиот Тајрис Халибартон, Индијана го доби мечот за пласман во финалето. Халибартон уште еднаш беше феноменален, со 27 поени, 15 асистенции и 7 скока, заедно со Тарнер (26п), беше клучен играч во победата над фаворизираниот Милвоки.
На другата страна на Милвоки не му помогнаа ниту одличните изданија на Адетокумбо (37п), Лилард (24п), Мидлтон (20п) и Лопез (18п).
Сите останаа во сенка на Халибартон, кој на крајот од мечот со серија од пет поени.
Натпреварот за трофејот и наградата од 500.000 долари (по играч) е закажан за 10 декември во Лас Вегас.