Top Sport

(Видео) Лејкерси и Мајами се пласираа во конференциските финалиња

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го победија Голден Стејт со 122:101 и со 4:2 се пласираа во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА, каде прптовници ќе им бидат Денвер Нагетс.
Лејкерси ги предводеше брилијантниот Леброн Џејмс со 30 поени (10-14 од поле) и по девет скока и асистенции. Тоа беше прв пат од петтиот натпревар од големото финале во 2020 година Џејмс да постигне повеќе од 30 поени во плејофот.

Остин Ривс постигна 23 поени, ДиАнџело Расел 19 поени, а Ентони Дејвис имаше 17 поени (5-9 од поле), 20. скока, 3 асистенции и 2 скока.

Под водство на тренерот Стив Кер, ова е првиот пораз на Вориорс во плеј оф серија пред големото финале. Стеф Кари беше најефикасен со 32 поени (11-28 од поле, 6ск, 5аст), а Клеј Томпсон промаши 16 од 19 шута за игра и даде само 8 поени. Двоцифрен беше само Донте ДиВинченцо со 16 поени (6-12 од поле), а Кевон Луни имаше 9 поени и 18 скока.

Во конференциското финале, Лејкерси играат со Нагетс на Никола Јокиќ, кого го победија во 2020 година во Западното финале во „меурот“, во Орландо. Денвер ќе има предност на домашен терен.

Кошаркарите на Мајами го совладаа Њујорк на домашен терен со 96:92 и се пласираа во финалето на плејофот на Источната конференција на НБА.

Никс се бореа до самиот крај, имаа напад на 35 секунди до крајот на -2, но не шутнаа благодарение на одличната одбрана на Кајл Лоури. На другата страна Батлер ги реализираше двата пенали и толку го однесе Мајми во конференциското финале.

Најефикасен беше Џими Батлер со 24 поени (7-22 од поле, 8ск, 4ст), Бем Адебајо имаше 23 (9-20 од игра, 9ск), а Макс Струс 14 поени.

На Никс не им помогна брилијантниот Џејлен Брансон со 41 поен (14-22 од поле, 4ск, 3аст), Џулиус Рендл имаше 15 поени и 11 скока, но промаши 11 од 14 удари од поле.

Scroll to Top