Top Sport

(Видео) Лејкерси на -43 во Оклахома, Дончиќ се повреди

Тимот на Оклахома Сити Тандер ги декласираше Лос Анџелес Лејкерс со 139:96 во натпревар во кој Лука Дончиќ се повреди и со солзи во очите го напушти теренот.

Само шест пати во нивната богата историја Лејкерс биле поразени со поголема разлика. Овој пат беа на шест поени од нивниот најлош пораз од минус 49 поени против Далас Маверикс во 2017 година.

Гилџес-Александер, актуелниот МВП на лигата, го доби дуелот со Дончиќ, еден од главните конкуренти за наградата оваа година. Дончиќ постигна најмалку 40 поени во пет од претходните седум натпревари, но против одбраната на Тандер, тој беше ограничен на 12 поени, шутирајќи 3/10 од поле и 1/7 за три поени.

Словенечкиот ас го напушти теренот во средишницата од третата четвртина со повреда на тетивата на левата нога.

Остин Ривс постигна 15 поени, додека Леброн Џејмс додаде 13 за тимот од Лос Анџелес.

За Тандер, Шеј имаше 26 поени, Ајзеа Џо постигна 20 поени со шест тројки, додека тимот шутираше со брилијантни 53,9 проценти од поле.

Оклахома сега има 16 победи во последните 17 натпревари, додека Лејкерси пред овој пораз беа во серија од четири победи по ред и 13 триумфи во 14 натпревари.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');