Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија низата слаби резултати на гостувањата. Изминатата ноќ загубија во Орландо 118:106. Орландо Меџик е тим кој во просек има најмалку поени во НБА (104,8).
Лејкерси во Орландо го забележаа седмиот пораз во последните десет натпревари. Третиот последователен пораз ги спушти Лејкерси на четвртото место во западната конференција, сега имаат ист скор со петтопласираниот Мемфис Гризлис.
Орландо, кој со оваа победа ја прекина серијата од шест последователни порази на домашен терен, е меѓу клубовите кои се борат за пласман во плејофот на Истокот.
Франц Вагнер со 32 поени и осум асистенции и Паоло Банкеро со 30 поени и седум скока го предводеа Орландо до победата против тимот на Леброн Џејмс и Лука Дончиќ Словенецот го заврши натпреварот со 32 поени, седум скока и седум асистенции, а Џејмс со 24 поени, шест украдени топки и седум асистенции.
Девин Букер погоди на две секунди до крајот на мечот во Аризона, а Феникс со 108:106 го победи Милвоки. Букер мечот го заврши со 19 поени. Кај победниците Кевин Дурент постигна 38 поени. Милвоки го предводеа Јанис Адетокумбо со 31 и Брук Лопез со 23 поени.
DEVIN BOOKER WINS IT FOR PHOENIX IN THE FINAL SECONDS 🚨🚨
TEXTBOOK STEPBACK MID-RANGE BUCKET!! pic.twitter.com/5fR0rNult2
— NBA (@NBA) March 25, 2025
Денвер без Никола Јокиќ забележа нов пораз. Нагетс загубија од Чикаго 119:129. Јокиќ последниот меч го одигра на 9.март.
Најзаслужна за победата на Чикаго беше Коби Вајт со 37 поени, Џош Гиди имаше 26 поени, седум скока и девет асистенции.
Кај Денвер, покрај Јокиќ, отсуствуваше и Арон Гордон, а најрасположен беше Џамал Мареј со 28 поени, пет скока и седум асистенции, Пејтон Вотсон додаде 24.
Резултати: Индијана – Минесота 119:103, Орландо – ЛА Лејкерс 118:106, Вашингтон – Торонто 104:112, Бруклин – Далас 101:120, Њу Орлеанс – Филаделфија 112:99, Сакраменто-Бостон 95:113.