Top Sport

(Видео) Лесни победи на Бостон и Кливленд, Хјустон изедначи против Голден стејт

Бостон и Кливленд го одбранија домашниот терен, поведоа со 2:0 во сериите против Орландо односно Мајами, додека Хјустн изедначи на 1.1 против Голден стејт.

Актуелниот шампион Бостон Селтикс го победи Орландо со 109:100 и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум.

Натпреварот беше решен во третиот период во кој тимот од Масачусетс стекна предност од 15 поени. До крајот не дозволија ривалот да се спушти на помалку од осум поени.

Џејлен Браун постигна 36 поени, 10 скока и пет асистенции, додека Кристапс Порзингис забележа дабл-дабл со 20 поени и 10 скока. Банкеро со 32 и Франц Вагнер со 25 поени го предводеа Орландо.

Кливленд го победи Мајами со 121:112. Со мали проблеми во финишот, Кавалирс лесно славеа и поведоа со 2:0 во серијата.

Мичел со 30, Гарланд со 21 и Мобли со 20 поени беа најистакнати кај победниците, додека кај гостите како и обично во плејофот се истакна Тајлер Хиро со 33 поени.

Кошаркарите на Хјустон израмнија на 1:1 против Голден стејт со победата 109:94. Џејлен Грин го предводеше Хјустон со 38 поени, од кои осум тројки од 18 обиди. Тој имаше и шест асистенции, четири скока и три украдени топки.

Грин стана третиот играч во историјата на франшизата кој постигнал 35+ поени во плејоф натпревар на возраст под 23 години.

Тој им се придружи на Хаким Олајџувон кој го направи тоа четири пати и Џејмс Харден кој успеа само еднаш.

Алперен Шенгун постигна 17 поени, со 16 скока и седум асистенции, Дилон Брукс 16 поени.

Голден стејт во ниту еден момент не водеа, а од крајот на првата четвртина тимот без Џими Батлер кој при пад по прекршок ја повреди карлицата.

Најефикасен во тимот беше Стивен Кари со 20 поени, девет асистенции и пет скока. Тој стана 11-тиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 4.000 поени во плеј-офот.

Scroll to Top