Демијан Лилард зборуваше за медиумите за прв пат откако од Портланд се пресели во Милвоки.
Лилард по 11 години ги напушти Трејл Блејзерс каде се стекна со на еден од најдобрите шутери во лигата.
„Мислам дека не е тајна колку сакам да победувам. Така стигнавме до ова што се случува денес. Не можев да бидам повозбуден. Не би можел да бидам поблагодарен за можноста да бидам дел од оваа организација, да играм покрај најдобриот играч во лигата“, рече Лилард на денот за медиумите во НБА лигата.
Лилард минатата сезона имаше просек од 32,2 поени со 7,2 асистенции и 4,8 скока по натпревар.
Dame Time in Milwaukee ⌚️ pic.twitter.com/exkG9pUhPj
— NBA TV (@NBATV) October 2, 2023