Top Sport

(ВИДЕО) Луда тројка на турски репрезентативец ја изненади целата сала

Кошаркарите на Турција синоќа беа поразени на пријателски натпревар од Италија со 90:89 по продолженијата. Херојот кој ги обезбеди дополнителнте минути беше Садик Кабаца кој погоди неверојатна тројка од огромна далечина.

Со звукот на сирената Кабаца погоди тројка речиси од сопствениот кош и избори продолжение, но и ги остави во неверување сите на трибините. Марко Списа му даде шанса да ја погоди оваа налудничава тројка. Кошаркарот на Венеција по офанзивен скок промаши слободно фрлање, а потоа и тројка, па Турците добија шанса во финишот.

До крајот имаше толку малку што Кабаца немаше друга опција освен да се обиде со тројка од далечина. Ја фрли топката со една рака и за чудо погоди. Ниту играчите на теренот, ниту гледачите на трибините не можеа да поверуваат, а натпреварот отиде во прдолжение.

Scroll to Top