Top Sport

(Видео) Мареј и Јокиќ ја решија драмата во Филаделфија, Сан Антонио го декласира Милвоки

Изминатата ноќ се одиграа седум натпревари во НБА лигата. Денвер ја прекина серијата од три порази со триумф во неизвесна завршница во Филаделфија.

Нагетс победија со 137:134, предводени од Џамал Мареј, кој постигна 31 поен со 11 асистенции и Никола Јокиќ, кој за еден скок остана без трипл-дабл. Српскиот центар мечот го заврши со 28 поени, 13 асистенции и девет скока. Погоди десет од 14 од поле и два од три за три поени.

Мајкл Портер Јуниор додаде 24 поени, Џулиен Стротер 18, а двоцифрени беа и Кристијан Браун со 15 и Арон Гордон со 11 поени.

За Филаделфија, Тајрис Макси постигна 42 поени со девет асистенции, Гершон Јабусуле имаше 28, а Кели Убре Јуниор постигна еден поен помалку.

Беше неизвесно во текот на целиот натпревар, дури и во финишот. Филаделфија израмни на 130:130 на 54 секунди до крајот, но Мареј постигна тројка, а Јокиќ два поени, а потоа Мареј стави точка на три секунди до крајот кога погоди две слободни фрлања.

Сан Антонио Спарс ги декласираа Милвоки Бакс со 144:118.

Вембањама го заврши мечот со 30 поени и 14 скока, Џонсон додаде 24 поени за Сан Антонио, а Касл додаде 20. Милвоки го предводеше Јанис Адетокумбо со 35 поени и 14 скока, Лилард додаде 22, а Мидлтон 21 поен.

Феникс славеше победа над Голден Стејт со 130:105, предводен од Букер, кој постигна 31 поен и испорача 11 асистенции. Следуваше Бил со 21 поен. На другата страна Муди и Вигинс постигнаа по 17 поени.

Резултати:

Шарлот – ЛА Клиперс 104:112
/Мициќ 20 – Пауел 27/

Детроит – Далас 117:102
/Канингем 40 – Ирвинг 28/

Филаделфија – Денвер 134:137
/Макси 42 – Мареј 31/

Торонто – Чикаго 106:122
/Барнс 20 – Вајт 25/

Њу Орлеанс – Бостон 116:118
/Марфи 40 – Браун 28/

Сан Антонио – Милвоки 144:118
/Вембањама 30 – Адетокумбо 35/

Голден Стејт – Феникс 105:130
/Муди 17 – Букер 31/

Scroll to Top