Маjами Хит и Мемфис Гризлис се последни учесници во плеј-офот во НБА лигата.
Мајами Хит ја совлада Атланта Хокс со резултат 123:114 и закажа дуел со Кливленд Кавалирс во првото коло од плеј-офот.
Тимот на Ерик Споелстра, го предводеше од Тајлер Хиро со 30 поени со 8 скока и 7 асистенции, додека Ендрју Вигинс имаше 20 поени, и по 8 скока и асистенции, а Бем Адебајо забележа дабл-дабл од 17 поени и 11 скока.
Мајами станаа првиот тим што успеал од десеттото место да се пласира во плеј-офот.
Сега им претстои дуел против најдобриот тим во Источната конференција, Кливленд Кавалирс.
Екипата на Мемфис Гризлис го победи Далас Маверикс со 120:106 и се избори за четвртфинална серија против првопласираната Оклахома.
Тоа значи дека Далас Маверикс ја завршија сезоната во април, што ќе ги разбесни навивачите на Тексас. Само една година претходно, Далас Маверикс се бореа со Бостон Селтикс во финалето на НБА и имаа шанса за шампионски прстен.
Маверикс се петтиот тим во последните 25 години кој го пропуштил плеј-офот една година по финалето на НБА.
На Далас не му помогнаа 40-те поени на Ентони Дејвис, додека Клеј Томпсон имаше 18, Брендон Вилијамс 16, а Наџи Маршал 13 …
Мемфис го предводеше Џерен Џексон со 24 поени, Бејн постигна 22, исто толку имаше и Џа Морент, Зек Иди постигна 15 со 11 скока.