Кошаркарите на Минесота ја декласираа Оклахома (143:101) и го намалија резултатот на 2-1 во финалната серија од Западната конференција на НБА лигата.
Тимбервулвс направија изненадување и им возвратија на Тандерите за првите два убедливи порази во Оклахома.
Најзаслужен за победата на домашниот тим беше Ентони Едвардс, кој постигна 30 поени, девет скока и шест асистенции.
Минесота веќе имаше предност од 20 поени по првата четвртина, па дури и +31 на полувремето, па затоа не е ни чудо што резервите на двата тима добија шанса во последната четвртина.
Џулиус Рендл, заедно со Едвардс, се истакнаа кај победниците со 24 поени, Теренс Шенон, имаше 15, додека Леонард Милер постигна 11 поени.
МВП-от на лигата, Шеј Гилџис-Александер, потфрли како и целиот тим. Тој имаше само 14 поени (4/13 од поле), шест асистенции и два скока.
Само Џејлен Вилијамс со 13, Чет Холмгрен со 10 поени и пет скока и Дилон Џонс со 10 поени беа двоцифрени.
Четвртиот натпревар, исто така во Минесота, е закажан за вторник во 2:30 часот.