Top Sport

(Видео) Нестварен јубилеј на Кари, сезонски рекорд на Дончиќ

Уште една ноќ во долгата и успешна кариера на Стеф Кари, еден од најдобрите бекови на сите времиња, кој синоќа забележа значаен јубилеј.

Во победата на Голден Стејт над Сакраменто од 130:104, Кари стигна до бројката од 4.000 тројки во НБА, а мечот го заврши со 11 поени (4-9 од поле за 30 минути) и 5 асистенции.

„Тоа е бројка за која никогаш не размислував, сметав дека не е реално дури и кога стигнав до 2.974, што е бројка што ми значи најмногу затоа што тогаш го срушив рекордот“, рече Кари ден пред неговиот 37-ми роденден, Вориорс ја обезбедија победата во раната фаза, предводени од Дрејмонд Грин со 23 поени, додека пак Бади Хилд против поранешниот тим постигна 16 поени. Демар Дерозан постигна 23 поени за кралевите.

Лука Дончиќ постигна 45 поени (14-27 од поле), со 11 скока, 3 асистенции и 6 загубени топки, а неговите Лејкерси без Леброн Џејмс беа поразени во Милвоки со 126:106.

Јанис Адетокунмбо постигна 24 поени, 12 скока и 9 асистенции за Бакс, Брук Лопез постигна 23 поени, а Демијан Лилард 22 поени и 10 асистенции.

Коби Вајт постигна 31 поен во триумфот на Чикаго над Бруклин од 116:110, Орландо го декласираше Њу Орлеанс 113:93 (Банкеро 34п, Вагнер 27 – Вилијамсон 20), додека Вашингтон го совлада Детроит со 129:125 и покрај 38 поени од Кејд Канингем.

Scroll to Top