Бостон го доби првиот финален натпревар во Источната конференција. Селтикс ја победија Индијана, по едно продолжение со 133.128, во регуларниот дел резултатот беше 117:117.
Индијана Пејсерс доживеаја тежок удар во „Ти-Ди Гарден“, кој може да има големо влијаение во оваа серија. Пејсерс на 30 секунди до крајот имаа три поени предност и три напади, но не успеаја да направат брејк.
По загубената топка на Халибартон, на спротивнта страна не погодија Вајт и Тејтум, но и тоа не беше доволно за Пејсерс, Нембхард загуби топка, а Џејлен Браун со тројка по блокадата на Вајт на 6,1 секунда до крајот го изедначи резултатот.
Халибартон промаши шут за победа, а потоа Тејтум постигна десет поени во продолжението и Селтикси го добија воведниот натпревар од финалната серија од плејофот на Источната конференција, 133:128.
Џејсон Тејтум беше најефикасен со 36 поени, 12 скока, Џру Холидеј постигна рекордни оваа сезона 28 поени, со седум скока и осум асистенции, а Браун имаше 26.
Пејсерси постигнаа 56 поени во рекетот, постигнаа 13 тројки, но загубија 21 топка. Тајрис Халибартон постигна 25 поени , Паскал Сијакам забележа 24 поени, 12скока и седум асистенции, а Мајлс Тарнер 23 поени и 10 скока.
Вториот натпревар на програмата е во петок во 2 часот по средноевропско време.