Top Sport

(Видео) Нестварен пресврт на Индијана, брејк на Пејсерси во Њујорк

Кошаркарите на Индијана поведоа против Њујорк во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Пејсерс со неверојатен пресврт во финишот на регуларниот дел изборија продолженија, а пота славеа со 138:135. На никс не им помогнаа Брансон и Таунс кои заедно постигнаа 78 поени.

Индијана до победата ја предводеа Тајрис Халибартон со 31 поен и 11 асистенции и Арон Несмит со 30 поени.

Никси водеа со 15 поени разлика на помалку од три минути пред крајот на регуларното време, на 58 секунди до крајот водеа со девет поени разлика, но Индијана успеа да се врати и да избори продолженија, а потоа и да го добие натпреварот.

Несмит ги врати Пејсерси во игра со серија од тројки, а потоа Халибартон погоди неверојатен шут во продолжението.

Додека Пејсерси заостануваа со два поени, а времето истекуваше, тој почна да ја губи контролата врз својот дриблинг, го врати и се врати кон линијата за три поени. Успеа да погоди, а потоа Халибартон истрча кон аут линијата, со двете раце се вати за вратот (знак на давење) гестикулирајќи кон, исто како што членот на Куќата на славните на Пејсерси, Реџи Милер, му го направи на Спајк Ли додека во историската плејоф серија на овие тимови во плејофот во 1994 година.

За Њујорк, подобари од другите беа Џејлен Бренсон со 43 поени и Карл-Ентони Таунс со 35 поени и 12 скока.

Scroll to Top