Top Sport

(Видео) Нестварен трип-дабл на Јокиќ против Бруклин, Ирвинг и Дончиќ пресилни за Минесота

Никола Јокиќ, во ноќта зад нас уште еднаш покажа зошто е МВП во најсилната лига на светот, НБА. Српскиот центар најпрвин избори продолженија кај Бруклин (125:125), а потоа го однесе својот тим до победата. 144:139. Јокиќ, во четвртиот меч сезонава го забележа вториот трипл-дабл (29 поени, 18 скока, 16 асистенции).

Денвер ја забележа втората победа, но тимот и понатаму не изгледа добро на теренот. Првите четири натпревар во сезоната покажаа дека тимот е лошо селектиран и дека без Јокиќ е само просечна екипа.

Бројките зад неговото име покажуваат дека тој против Бруклин доминираше во сите сегменти на играта.

Јокиќ го следеа Гордон и Мареј со 24 поени, Вестбрук постигна 22, додека Портер Џуниор 16.

Во поразениот тим се истакнаа Денис Шрудер со 28 поени и Кам Томас со 26 поени.

Далас Маверикс во репризата на финалето во Западната конференција од минатата сезона ја победија Минесота со 120:114.

Натпреварот одигран во „Таргет центарот“ во Минеаполис шутерски не беше добар за Лука Дончиќ, кој на 10/27 од поле имаше 24 поени или само 1/8 за тројки.

Одличен беше Кајри Ирвинг кој беше херојот на Далас, мечот го заврши со 35 поени, 4 скока и 5 асистенции. Вашингтон постигна 17 поени, а Гафорд 14.

Во редовите на Минесота уште еднаш најистакнат поединец беше Ентони Едвардс. Популарниот Ент „спакува“ 37 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Џулиус Рендл забележа 20 со 7 скока и асистенции.

Scroll to Top