Top Sport

(Видео) Нестварна партија на Јокиќ – Ваков меч никогаш никој не одиграл во НБА лигата

Никола Јокиќ одигра натпревар каков што досега не забележан историјата на НБА лигата. Денвер Нагетс во неверојатен меч го совлада Феникс Санс со 149:141, по продолжението откако надополнија негатива од 21 поен.

Јокиќ постигна 31 поен (13/22 од поле) со 22 асистенции и 21 скок.

Србинот стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени, 20 скока и 20 асистенции.

Погоди 10/15 за два поени, 3/7 за три и 2/3 од линијата за слободни фрлања.

Тој успеа да постигне трипл-дабл за само 20:38 поминати на теренот, што е деветти најбрз трипл-дабл учинок во историјата на НБА.

Јокиќ е сопственик и на најбрзиот трипл-дабл историјата, 14 минути и 33 секунди.

Ова е 29-ти трипл-дабл сезонава за Јокиќ (149-ти во кариерата), со што го изедначи неговиот најдобар учинок во сезоната забележан пред две години.

„Да ви кажам луѓе, мислам дека еден ден ќе се навратам на ова и ќе го гледам како некакво наследство што ќе остане таму кога ќе ја завршам кариерата. Сега кога имам натпревари секој втор ден, гледам само како да се одморам и закрепнам“, додаде Јокиќ.

За Денвер, Арон Гордон постигна 27 поени со седум тројки и го изедначи рекордот во кариерата, а Кристијан Браун го заврши натпреварот со 25 поени.

Во тимот на Феникс најдобри играчи беа Девин Букер со 34 и Кевин Дурент со 29 поени.

Scroll to Top