Top Sport

(Видео) Њујорк врати еден брејк, од -20 до победа во Индијанаполис

Кошаркарите на Њујорк го намалија резултатот против Индијана на 2-1 во финалето на плејофот од Источната конференција во НБА лигата, Никс славеа со 106:100 во Индијанаполис.

Њујорк Никс со голем пресврт успеа да врати еден брејк и да остане во игра за пласман во големото финале. Пејсерси имаа водство од 20 поени во текот на натпреварот, но Њујорк успеа да се врати и да поведе со 89:88 со поените на Брансон на седум минути до на натпреварот. Потоа во пенал завршницата го добија натпреварот.

Карл-Ентони Таунс ги предводеше Никс со 24 поени, од кои 20 постигна во четвртата четвртина, а имаше и 15 скока.

„Сите направивме сè што требаше за да победиме, се вративме во серијата. Сакавме да се ставиме во позиција да имаме шанса за победа на крајот“, рече Таунс.

Џејлен Бренсон придонесе за победата со 23 поени, и покрај тоа што играше со пет лични фаули по три четвртини, Огугуа Ануноби додаде 16 поени, а Микел Бриџис 15 поени.

Во тимот на Индијана, најефикасни беа Тајрис Халибартон со 20 поени, со седум скока, четири асистенции и три украдени топки, Мајлс Тарнер со 19 поени со четири скока. Паскал Сиакам додаде 17 поени, а Ти Џеј Меконел 12.

Следниот четврти натпревар ќе се игра ноќта помеѓу вторник и среда (2 часот во Индијанаполис.

Scroll to Top