Оклахома Сити Тандер ги победија Минесота Тимбервулвс со 114:88 и поведоа со 1:0 во финалето на Западот.
Шеј Гилџес-Александер и тимот ги декласираа „Вулвс“ во второто полувреме и јасно ставија до знаење дека сериозни се во намерата да го освојат шампионскиот прстен.
Првиот дел од натпреварот беше обележан со силни одбрани на двете страни. Минесота се покажа за нијанса подобро и заминана големата пауза со плус четири, 48:44.
Слично беше се до средишницата на третиот период кога Оклахома со серија 10:0 стекна предност од осум поени. Во последниот период Оклахома го засили притисокот и го прегази ривалот.
Шеј Гилџис Александер немаше одлична шутерска вечер, погоди 10 од 27 обиди, но беше најефикасниот актер на натпреварот со 31 поен со пет скока и девет асистенции. Џејлен Вилијамс постигна 19, Холмгрен 15, а Хатерштајн 12 поени.
Во редовите на Минесота, Џулиус Рендл беше убедливо најдобар со 28 поени и осум скока, а првата ѕвезда на тимот Ентони Едвардс забележа 18 поени и девет скока.
Вториот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу четврток и петок во 2 часот и 30 минути по македонско време.