Top Sport

(Видео) Оклахома го возврати ударот

Кошаркарите на Оклахома израмнија на 1:1 против Индијана во финалето на НБА лигата, откако победија со 123:107 на својот терен во ноќта помеѓу недела и понеделник.

За разлика од првиот натпревар во кој водеа 47 минути и 59 секунди и го испуштија триумфот, овој пат Тандер без и најмал проблем славеа победа.

По првата четвртина имаа плус шест, а на пауза заминаа со предност од 18 поени (59:41).

Во вториот дел ја одржаа својата предност и ја доведоа работата до крај без поголеми тешкотии. Во ниту еден момент Индијана не го намали водството на помалку од 15 поени.

Шеј Гилџес-Александер постигна 34 поени со пет скока и осум асистенции, Алекс Карусо имаше 20, Џејлен Вилијамс имаше 19, а Вигинс имаше 18 поени.

Во редовите на Индијана, Тајрс Халибартон, херојот на првиот натпревар, постигна 17 поени, а искусниот Тарнер имаше 16 поени.

Третиот натпревар ќе се игра во Индијана ноќта помеѓу среда и четврток во 2:30 часот наутро. Титулата ќе ја освои тимот што прв ќе стигне до четири победи.

Scroll to Top