Изминатата ноќ во НБА лигата се осигра само еден натпревар во НБА лигата. Оклахома сити Тандер славеа во Портланд 118:108. Тандер со оваа победа ја презедоа челната позиција во лигата од Кливленд Кавалирс, со 37 победи и осум порази.
Шеј Гилџис-Александер повторно беше маестрален. Канадскиот кошаркар и прв кандидат за МВП во 2025 година го заврши мечот со 35 поени, Џејлен Вилијамс го следеше со 24 поени, пет скока и осум асистенции, додека Ајзеа Џо имаше 16 поени, а Ајзеаа Хартенштајн имаше 11 поени дабл-дабл учинок од 14 поени, 11 скока и шест асистенции.
Дени Авдија со маестрален настап го предводеше Портланд Трејл Блејзерс. Синот на легендата на Црвена звезда, Зуфер Авдија, мечот го заврши со 28 поени и по осум скока и асистенции. Го следеа Скут Хендерсон со 25 поени и пет скока и Тумани Камара со 24 поени, девет скока и четири асистенции.