Top Sport

(Видео) Оклахома (повторно) ја декласира Минесота

Оклахома го одбрани домашниот терен од Минесота, во првите два натпревари од финалната серија на Западот. Тандер, вториот меч го добија со 118:103.

Освен три пати, домашната екипа цело време имаше предност. Минесота последен пат водеше со 37:36 на почетокот од втората четвртина, а остатокот од натпреварот го помина во апсолутна контрола над Оклахома.

Домашните имаа „само“ осум поени предност (58:50) на полувремето, но потоа го засилија ритамот во вториот дел, па на крајот од третата четвртина го решија прашањето околу конечниот победник. Оклахома стекна голема предност од 22 поени (93:71).

МВП на НБА, Шеј Гилџис-Александер, блескаше со 38 поени, три скока и осум асистенции. Кај победниците се истакнаа и Вилијамс со 26 поени и десет скока, Холмгрен постигна 22 поени.

Кај Минесота подобри од другите беа Едвардс со 32, МекДениелс со 22, Александар-Вокер со 17 и Рид со десет поени.

Третиот натпревар од серијата ќе се игра во Минесота, во ноќта помеѓу сабота и недела.

Scroll to Top