Top Sport

(Видео) Овации за Никола Топиќ, на голема врата и се врати на кошарката

Српскиот кошаркар Никола Топиќ ги одигра своите први минути во НБА во дресот на Оклахома, се врати на кошаркарските терени, по тешкиот период и сериозните здравствени проблеми.

19-годишниот плејмејкер го имаше своето деби на натпреварот против Милвоки Бакс, а влезе на теренот на 1:55 минути до крајот на првата четвртина, со силна поддршка од навивачите во Пејком Центарот.

Публиката стана и го поздрави младиот кошаркар со долг аплауз, кој се врати во тимот само неколку месеци откако му беше дијагностициран рак на тестисите. Топиќ беше опериран во октомври минатата година, а потоа помина циклуси на хемотерапија, поради што беше привремено надвор од теренот.

Неговото враќање претставува важен личен и професионален чекор во продолжението на неговата кариера.

Одигра 12 минути и ги запиша првите поени во НБА (1/3 шут од поле), заедно со еден скок и една асистенција.

Иако статистиката не беше во преден план, дебито на репрезентативецот на Србија ќе биде запишано како значаен момент во неговата кариера.

Топиќ беше избран како 12-ти пик на НБА драфтот во 2024 година, а неговиот настап го означи почетокот на ново поглавје во дресот на Оклахома.

Бакс го добија овој натпревар со резултат од 110:93, а играа без повредениот Јанис Адетокумба и ја забележаа петта победа во последните шест натпревари.

Најдобар во победничкиот тим беше Дијенг со 19 поени, Грин постигна два помалку, Портис додаде 15, Кузма 14, а Портер и Томас го завршија натпреварот со по 12 поени.

Во тимот на Оклахома, Џо беше најефикасен со 17 поени, Холмгрен забележа 16 поени и 13 скокови.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');