Реал Мадрид го победи Партизан во Белград 85:78 и ја врати предноста на домашниот терен. Мајсторката по која ќе биде познат патникот на завршниот турнир во Каунас ќе се одигра во среда, во Мадрид.
Неколку интересни моменти го обележаа четвртиот натпревар од оваа серија. Можеби најинтересниот се случи на истекот на првото полувреме.
Никој не забележа дека последните секунди од првиот дел, Партизан ги одигра со шест играчи на теренот. Овој детал не го забележаа и оние кои се задолжени да ги почитуваат правилата на играта, судиите.
Доколку забележаа дека Партизан има шестмина на теренот, црно-белите ќе беа казнети со техничка грешка и Реал ќе добиеја едно слободно фрлање.
Инаку во финишот на првиот дел Данило Анѓушиќ погоди тројка, но по прегледувањето на снимката судиите утврдија дека не ја исфрлил топката на време.
Partizan were playing 6v5 against Real during the last possession of the 2nd quarter 😳
And we are not talking about the fans 😅
— BasketNews (@BasketNews_com) May 5, 2023