Top Sport

(Видео) Петмина го тепале Швед, има среќа што е жив со скршеница на черепот!

На социјалните мрежи се појави наводното видео на кое ѕвездата на кошаркарскиот тим на ЦСКА Москва, Алексеј Швед е тепан од пет мажи при излез од ресторан.

Кошаркарот во тимот каде што прв човек е македонскиот тренер Емил Рајковиќ бил нападнат по поразот на ЦСКА во полуфиналето на ВТБ лигата од Локомотив Кубан. Неговиот агент, Обрад Фимич во изјава за „Спорт експрес“ објасни што се случило.

„По мечот, Алексеј и неговата сопруга беа во ресторан во центарот на Москва. По вечерата, тие излегоа надвор, каде што имаше група млади луѓе, кои без причина почнаа да се однесуваат насилнички. Алексеј беше свесен дека се во алкохолизирана состојба и сакаше мирно да се заврши. Но, тие решија да почнат тепачка и тоа на најфер начин – пет против еден. Поради ударите во глава, Алексеј падна и удри со главата во тротоарот. Има отворена рана на главата, со скршеница на черепот. За среќа, тој преживеа ваков инцидент, можеби поради неговата физичка подготвеност“, изјави Фимич.

Scroll to Top