Top Sport

(Видео) Почина поранешен НБА кошаркар, ќе остане запаметен како легенда и шампион

Ерик Скот Монтрос, поранешен НБА кошаркар, почина на 53-годишна возраст по повеќемесечна борба со ракот.

Монтрос ќе остане запаметен како легенда на Северна Каролина, со која стана NCAA шампион во 1993 година.

Нему му беше дијагностициран рак во март 2023 година, а по неколкумесечна борба, тој почина.

Неговото семејство ја потврди смртта, издаде соопштение и побара приватност во наредните денови.

Монтрос играше центар, а во 1994 година беше деветти пик на драфтот. За време на неговата кариера во НБА, која траеше девет години, играше за Бостон, Далас, Њу Џерси, Филаделфија, Детроит и Торонто.

Тој ја заврши кариерата поради повреда на ногата.

По неговата играчка кариера, тој беше радио аналитичар за игрите во Северна Каролина 18 сезони. Тој беше познат и по неговите добротворни напори.

Зад себе ги остави сопругата и децата.

Scroll to Top