Top Sport

(Видео) Скромно издание на Јокиќ, блескаво на Дончиќ – Денвер го растури Далас

Денвер Нагетс во својата „Бол арена“, ги декласираа Далас Маверикс со 130:104 и покрај тоа што Лука Дончиќ го доби дуелот со Никола Јокиќ, кој го одигра најлошиот меч од почетокот на сезоната. Чикаго славеше во Филаделфија, ЛА Клиперс имаа шутерска рапсодија во Индијаполис, а Њујорк Никс славеа во ЛА кај Лејкерси.

Јокиќ на теренот мина неполни 28 минути, последна четвртина седеше на клупата,на крајот имаше осум поени, девет скока и седум асистенции.

Дончиќ блескаше во гостинскиот тим со 38 поени, 11 скока и осум асистенции.

Словенецот за разлика од Јокиќ немаше поддршка од соиграчите, двоцифрен беше само Данте Ексум со 11 поени.

Од друга страна, во тимот на Денвер најефикасен беше Џамал Мареј со 22 поени, поен помалку постигна Арон Гордон со пет скока и асистенции, а искусниот Реџи Џексон застана на 20 поени.

Двоцифрен учинок имаа и Зек Ннаџи со 14, Џулијан Стротер со 12 и Пејтон Вотсон со 10 поени.

Генерално, клупата на Денвер целосно ги надигра Маверикс, вториот состав на Нагетс имаше 62:34 во однос на играчите од клупата на Далас.

Чикаго ја прекина низата од шест победи на Филаделфија. Булс славеа со 108:104 и покрај 40. поени на Џоел Ембид. Чикаго го предводеше Никола Вучевиќ постигна 23 поени

ЛА Клиперс има шутерско шоу во Индијанаполис, ја победија Индијана со 151:127. Џејмс Харден го одигра најдобриот натпревар од доаѓањето во Лос Анџелес, постигна 35 поени, од кои 21 во последниот период.

Њујорк Никс, по Клиперси во Лос Анџелес славеа и против Лејкерси 114:109. Џејлен Бренсон е во страшна форма постигна 29 поени, Џулиус Рендл имаше 27 против својот поранешен клуб. Лејкерси ги предводеше Ентони Дејвис со 32 поени, Леброн Џејмс постигна 25 поени на кои придодаде по 11 скокови и асистенции.

Резултати:

Филаделфија – Чикаго 104:108
Индијана – ЛА Клиперс 127:151
Кливленд – Хјустон 135:130 п
Атланта – Детроит 130:124
Мајами – Минесота 108:112
Торонто – Шарлот 114:99
Оклахома – Мемфис 116:97
Денвер – Далас 130:104
Јута – Бруклин 125:108
Сакраменто – Вашингтон 143:131
ЛА Лејкерс – Њујорк 109:114

Scroll to Top