Top Sport

(Видео) Поени со звукот на сирената – Јанис и Нуркиќ меч винери

Јанис Адетокумбо и Јусуф Нуркиќ со звукот на сирената им донесоа победи на своите екипи, Милвоки Бакс, односно Јута Џез, во НБА лигата. Јанис погоди за победа во Индијанаполис, а Нуркиќ во Бостон.

Милвоки Бакс славеа на теренот на еден од најголемите ривали во лигата, Индијана Пејсерс. Адетокумбо е омразен лик во Индијанаполис од декемви 2023 година, кога постигна рекордни во кариерата 64 поени, а потоа ги обвини домашните кошаркари дека му ја украле топката, која сакал да ја носи дамо во спомен на рекордот.

Жестоки свирежи доби и Мајлс Тарнер, рекордер на Индијана според бројот на блокади и еден од најзаслужните за пласманот во финалето минатата сезона, Тарнер по 10 години, минатото лето замина од Индијанаполис и се пресели во Милвоки.

Финишот на овој меч беше исклучително драматичен. На 14 секунди до крајот Ерон Несмит изедначи на 115:115, а потоа со звукот на сирената Адетокумбо постигна поени за триумф на Милвоки.

Гркот мечот го заврши со 33 поени, 13 скокови и пет асистенции, на спротивната страна Паскал Сијакам имаше 32 поени, осум скока и пет асистенции.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ го шокира „Ти-Ди Гарден“, погоди со звукот на сирената за триумф на Јута над Бостон Селтикс 1015:103.

Кејонте Џорџ ја зеде топката во свои раце за да го реши натпреварот на 11 секунди пред крајот, промаши, но Нуркиќ поентираше од офанзивен скока.

Нуркиќ помина 31 минута на паркетот. Тој оствари дабл-дабл учинок од 11 поени и 11 скока, а додаде и четири асистенции. Кејонте Џорџ постигна 31 поен во победничкиот тим, Лаури Марканен додаде 20, на споритвната страна Џејлен Браун постигна 36 поени.

НБА резултати:

Бруклин – Минесота 109:125
/Томас 25 – ДиВинченцо 25/

Њујорк – Вашингтон 119:102
/Таунс 33 – Сар 19/

Хјустон – Далас 110:102
/Томпсон 27 – Вашингтон 29/

Мемфис – Детроит 106:114
/Џексон 21 – Канингем 33/

Денвер – Сакраменто 130:124
/Јокиќ 34 – Вестбрук 26/

Портланд – ЛА Лејкерс 115:123
/Авдија 33 – Хачимура 28/

ЛА Клиперс – Мајами 119:120
/Харден 29, Ленард 27 – Адебајо 25, Пауел 21/

Scroll to Top