Top Sport

(Видео) Пол Џорџ херој на Клиперси, Далас го слави Данте Егзум

Спектакуларните натпревари во Далас и Лос Анџелес ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Далас и ЛА Клиперс, во дуелите против Хјустон односно Кливленд надополнија негатива од 21 поен и на крајот запишаа победи.

Далас на неверојатен начин најпрвин избори продолжение, а потоа славеше над Хјустон 147:136. Хјустон имаа предност речиси во текот на целиот натпревар, на осум секунди до крајот Џабари Смит ги промаши двете слободни фралња, а Данте Егзум со звукот на сирената погоди за 129:129. Во продолжениеот Хјустон немаше никави шанси да дојде до победата.

Кајри Ирвинг блескаше со 48 поени, тој ги постигна првите 15 поени на својот тим во последната четвртина, го следеше Лука Дончиќ со 37 поени, девет скока и 11 асистенции. Кај Хјустон најдобри беа Дилон Брукс со 29 поени и Фред Ванвлит со 24 поени и 12 асистенции.

Сличен тек имаше и натпреварот во Лос Анџелес. Кливленд постигна 80 поени во првото полувреме, имаше предност од 26 поени, но домаќините предводени од Пол Џорџ на крајот триумфираа со 120:118.

Џорџ, кој погоди во последните секунди за конечни 120:118 во корист на Клиперси, натпреварот го заврши со 39 поени, 11 скока и седум асистенции, а Џејмс Харден забележа 22 поени и по пет скока и асистенции. Дабл-дабл учинок имаше хрватскиот центар Ивица Зубац, 14 поени и 11 скока.

Кај гостите Гарланд постигна 28 поени, а Мобли и Штрус по 20, Ален забележа 17 поени и 10 скока.

Резултати:

Индијана – Мајами 117:115
Бостон – Портланд 124:107
Шарлот – Оклахома 118:121
Орландо – Чикаго 113:98
Феникс – Њу Орлеанс 105:113
Торонто – Вашингтон 130:122
Милвоки – Њујорк 109:122
Сан Антонио – Филаделфија 126:133
Бруклин – Сакраменто 77:107
Голден Стејт – Јута 118:110
ЛА Лејкерс – Минесота 117:127

Scroll to Top